Челниците на Интер напорно работат на ангажман на нови засилувања во летниот преоден рок, а одлична работа е завршена со камбекот на Ромелу Лукаку.
Белгиецот кој лани беше продаден за 100 милиони фунти сега се врати назад на позајмица за која Интер плати само пет милиони фунти, обединувајќи го повторно одличниот голгетерски тандем – Лукаку – Лаутаро Мартинез кој ја донесе титулата ланската сезона.
За разлика од успешните преговори за белгискиот „џин“, многу потешко одат разговорите со Пауло Дибала, кој беше пред потпис, но Интер во последен момент се „олади“ од намерата за да го ангажира екс-фудбалерот на Јувентус.
„Лукаку доаѓа наскоро и тоа е одлична вест за сите. Голема пофалба за директорите кои ги водеа разговорите, клучните детали се средени, остануваат детали пред да официјализираме дека Ромелу пак ќе игра за нас. Што се однесува до Дибала, на оваа тема ништо не се знае. Кога преговарате со него, постигнатиот договор мора да биде прифатлив за двете страни. Во моментов, она што го бара Дибала е неприфатливо за нас“, истакна директорот на Интер, Џузепе Марота.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА