Чаби Алонсо е уште поблиску до заминување од Баер Леверкузен на крајот од сезонава и преселба на кормилото на Реал Мадрид откако челниците на „фармацевтите“ обелоденија дека нема да го блокираат неговото заминување од „Бај Арена“.
Шпанецот покажа апсолутна лојалност минатото лето одбивајќи неколку фантастични понуди за да остане уште една година во Леверкузен, но веќе е извесно дека тој летово ќе го напушти клубот со кој лани стигна до двојна круна во германскиот фудбал. Извршниот директор на Баер, Фернандо Каро, обелодени дека постои договор меѓу клубот и тренерот што ќе биде испочитуван.
„Точно е, постои џентлменски договор меѓу нас и Чаби Алонсо. Ако пристине понуда од клуб за кој тој има настапувано како играч, ние нема да му правиме проблем. Ќе останеме на зборот, тоа е најмалку што можеме да сториме за Чаби“, изјави Каро.
Алонсо како играч блескаше во дресот на Ливерпул, Баерн Минхен и Реал Мадрид. Интересно, тој минатото лето ги одби и Ливерпул и Баерн, но сега кога во игра е Реал Мадрид, јасно е дека Шпанецот нема да одолее на можноста да се врати како тренер на „Сантијаго Бернабеу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА