Екипата на Милан потврди дека Масимилијано Алегри се враќа на клупата на тимот од „Сан Сиро“. Алегри после 11 години се враќа меѓу „црвено-црните“, и ќе има задача да ги врати на шампионските патеки. Тој доаѓа на местото на Серџо Консеисао, кој од вчера и официјално не е повеќе тренер на Милан.
По заминувањето од Милан во 2014 година, Алегри на двапати го водеше тимот на Јувентус, со кого стигна до пет шампионски титули, а исто така играше и двапати во финалето во Лигата на шампионите.
„Му посакуваме топло дојде и многу успех на Масимилијано и неговите соработници“, стои во соопштението на Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

