Џанлука Скамака ќе ја продолжи кариерата во англискиот премиерлигаш Вест Хем, откако Сасуоло ги договори сите детали од трансферот на овој 23-годишен голгетер.
За услугите на Скамака се интересираа и неколку италијански клубови, како и францускиот првак ПСЖ, но „чеканите“ од Лондон беа најконкретни во преговорите со Сасуоло.
„Можам да потврдам дека Скамака се сели во Вест Хем. Договорот е постигнат, 36 милиони евра се загарантирани, плус шест милиони евра преку клаузули. Исто така, ќе добиеме и 10% од следниот трансфер, што нема да бидат малку пари бидејќи Вест Хем е клуб што знае како да ги продаде своите играчи“, изјави директорот на Сасуоло, Џовани Карневали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА