Потврден новиот формат на Суперкупот на Италија

Италијанскиот Суперкуп во 2024 година ќе се игра во формат на мини-турнири со четири тима, сличен на форматот што се користи во Шпанија од 2020 година, објави италијанската Серија А.

Четирите повикани тима ќе бидат првите две во првенството и финалистите на Купот на Италија. Досега за Суперкупот се играше само еден натпревар и тоа помеѓу победникот на италијанскиот шампионат и освојувачот на Купот. Интересно е тоа што форматот на четири тима ќе важи само за следното издание на Суперкупот.

Четири од следните шест изданија на натпреварувањето, вклучувајќи ги и оние во 2024 и 2025 година, ќе се играат во Саудиска Арабија, објавија од Серија А. Земјата веќе беше домаќин на три изданија на италијанскиот Суперкуп од 2018 година, вклучувајќи го и последното во јануари, кога Интер го победи Милан со 3-0.

Се вчитува...