Потврден пријателскиот натпревар со Ерменија, во Струмица на 17. октомври

Фудбалската федерација на Македонија и Фудбалската асоцијација на Ерменија го потврдија и официјално контролниот натпревар меѓу А репрезентациите на Македонија и Ерманија. Контролната пресметка меѓу двете селекции ќе се игра на 17. октомври на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица со почеток од 15 часот.

Последниот меч против Ерменија го одигравме на 11. ноември 2021 година во квалификаците за СП 2022. Во Ереван, на кој репрезентацијата на Благоја Милевски славеше со убедливи 0-5.

Македонија и Ерменија досега имаат одиграно вкупно 12 натпревари. Нашата селекција има 5 победи, на три меча немаше победник, а Ерменија славеше трипати. Последен пат, противникот се радуваше на триумф во Никозија во меч за првото место во групата од Лига на нации.

Пред овој тест дуел Македонија на 14. октомври ќе игра со Украина, најверојатно во Прага, во квалификациите за ЕП 2024.

Се вчитува...