Потврденo: Димитар Тодоровски нов играч на Брера

Младинскиот репрезентативец Димитар Тодоровски е нов играч на Брера. Она кое ЕКИПА го најавуваше уште пред повеќе од еден месец, денеска се официјализираше откако играчот од средниот ред беше промовиран како ново засилување на струмичкиот тим.

Тодоровски е дете на Работнички, а по завршувањето на минатата сезона замина како слободен агент.

Со овој потпис, Брера добива квалитетно име во средниот ред, со оглед дека Тодоровски е еден од оние кои имаат најмногу настапи во младинската селекција на Македонија. Тој има дури 29 натпревари со репрезентацијата до 21 година.

Пред неколку часа уште еден играч од младинската селекција на Македонија потпиша за Брера. Станува збор за Филип Антовски, кој доаѓа од Карвина, а во минатото беше дел од Вардар.

Се вчитува...