Џанлуиџи Донарума и официјално е нов голман на Манчестер Сити. Италијанскиот чувар на мрежата го комплетираше трансферот на „Етихад“, и потпиша договор до 2030 година.
Во текот на кариерата Италијанецот стана еден од најдобрите голмани на светот. Пред да потпише за ПСЖ, беше дел од Милан. Со „светците“ минатата година ја освои Лигата на шампионите, и беше еден од најзаслужните за овој успех. Во текот на четири години во ПСЖ, освои четири титули во Лига 1 и два трофеи во Купот на Франција.
„Потпишувањето за Манчестер Сити е посебен момент за мене. Се приклучувам на екипа преполна со играчи од светска класа и тим предводен од еден од најголемите тренери во исотријата на фудбалот, Пеп Гвардиола. Ова е клуб во кој секој играч сака да игра. Се восхитував гледајќи го овој тим, а сега ќе имам можност да играм за него“, изјави Донарума.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

