ПОТВРДЕНО: Елмас следната недела го официјализира потписот со Лајпциг, ќе заработува 3 милиони евра годишно!

Најдобриот македонски фудбалер Елиф Елмас следната недела го очекуваат лекарските прегледи во Лајпциг и официјалната промоција во дресот на својот нов клуб.

И дефинитивно е потврден трансферот на македонскиот репрезентативец вреден 25 милиони евра, кој треба да означи нов пат за 24-годишниот „дијамант“ во неговата фудбалска кариера.

Според информациите кои ги пренесуваат италијанските медиуми Елмас во Лајпциг ќе заработува по три милиони евра годишно. Договорот ќе биде потпишан до јуни 2028 година.

Елмас претходно за 16 милиони евра реализираше трансфер од Фенербахче во Наполи каде беше донесен на инсистирање на Карло Анчелоти. Но, по заминувањето на Анчелоти од клубот, посебно ова сезона македонскиот фудбалер неоправдано потценет речиси и да не добиваше вистинска шанса поради што сега се одлучи на промена на клубот.

Се вчитува...