Елиф Елмас и дефинитивно денеска ќе го одигра првиот официјален натпревар како стартер во дресот на Наполи откако македонскиот ас се најде на списокот од првите единаесетмина на Карло Анчелоти за дуелот со Сампдорија, што ќе стартува во 18 часот.
Анчелоти го ротира тимот во пресрет на премиерата од Лигата на шампионите против Ливерпул, па Елмас ќе добие шанса да импресионира од самиот старт на „Сан Паоло“ откако прикажа солидни игри влегувајќи на терен во второто полувреме против Фиорентина и Јувентус.
Македонскиот репрезентативец ќе добие шанса во триото во средниот ред заедно со Зјелински и со Фабијан Руиз, додека во нападот на Наполи ќе се појават Лозано, Мертенс и Калјехон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

