Официјално, втора тренерска смена во еден ден во ПМФЛ. Шкупи остана без тренер, откако се раздели со Ернест Ѓока, по вчерашниот пораз од Гостивар во Штип.
Екс тренерот на Шкендија кратко се задржа во таборот на Шкупи, и дојде на местото на Младен Жежовиќ, но после слабиот старт и само еден бод од првите две кола, дојде до разделба.
„Менаџментот на Шкупи одлучи да се раздели со тренерот Ѓока. Двете страни се договорија да ја завршат оваа соработка со взаемен договор. Клубот му посакува на г-н Ѓока многу успех понатаму во кариерата“, стои меѓудругото во соопштението.
Денеска покра Шкупи, тренерска смена имаше и во Вардар. Горазд Михаилов поднесе оставка, па набрзо потоа за нов тренер беше назначен Горан Петрески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА