Голгетерот на Тотенхем, Хари Кејн, дефинитивно ќе паузира еден месец, откако заработи повреда на лигаментите на десниот зглоб на ногата против Бурнемаут изминатиов викенд. Клубот денес ги демантираше вестите дека Кејн ќе паузира до мај месец, откако соопшти дека се работи за повреда според која ќе се опоравува околу триесетина дена.
Англиските медиуми претходниве денови го ставија под знак прашалник неговиот настап на СП во Русија, бидејќи се работи за сериозна повреда, но се очекува најдобриот голгетер на Остворот во моментов да се врати на тренинзите кон почетокот на април.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА