Искусниот голман Костадин Захов, ја напушти Воска Спорт и во идната сезона ќе го чува голот на новиот прволигаш Беса Добридол. Она што беше најавено уште пред неколку дена, денеска беше потврдено од тимот на Беса.
Захов изминатите шест месеци ги мина на голот на Воска, со кој стигна до финалето на Купот на Македонија и загуби од Тивкеш со 2-1, а претходно долги години беше на голот на тетовска Шкендија, со која освои три шампионски титули, а две освои со тимот на Вардар. Го чуваше голот и на Брегалница, беше и во Хоризонт Турново, а потекнува од школата на Беласица.
Захов има и еден настап за националниот тим на Македонија, оној против Албанија во Скадар кога нашиот западен сосед триумфираше со 2-1, кога мечот се играше во два дена поради невреме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА