Потврдено –  Нурмагомедов и Мекгрегор ќе се борат повторно!

Претседателот на УФЦ, Дена Вајт, потврди дека ќе има нова пресметка меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор во текот на годинава.

Првиот меч меѓу нив се случи во октомври 2018 година во Лас Вегас и предизвика големо внимание во јавноста, Хабиб го принуди Конор да се предаде во четвртата рунда. После мечот настана општ хаос и тепачка во која учествуваа и двајцата борци, а Хабиб се пресмета и со тренерскиот персонал во противничкиот табор. Казните за двајцата натпреварувачи ќе бидат познати на крајот од јануари кога ќе биде сослушана и Атлетската комисија на Невада.

Но, Дејна Вајт потврди дека Хабиб и Конор повторно ќе влезат во рингот, а датумот на новата борба ќе зависи од должината на казната што ќе ја добијат за претходниот инцидент.

„Верувам дека многумина сакаат повторно да ги видат во борба. Меѓутоа, мора да почекаме да видиме што ќе се случи со казните, бидејќи се уште не се сослушани сите. Сепак, нова борба мора да се случи, а кога ќе биде таа ќе знаеме точно кога ќе се реши се околу суспензијата. Верувам дека тоа ќе биде годинава. Но, повторувам, мора да ја почекаме одлуката на Атлетската комисија. Борбата сепак, ќе се случи“ – изјави претседателот на УФЦ.

Тимот на Хабиб од Дагестан деновиве објави интересна порака на Твитер во која само е напишано „УФЦ 236“, што се толкува како знак дека борбата со Мекгрегор ќе се случи на 13 април за кога е закажан овој настан.

Најавата за 13 април, реално може да биде потврдена уште на сослушувањето на Атлетската комисија. Според најавите Нурмагомедов најверојатно ќе добие суспензија од шест месеци, но таа ќе се рачуна од моментот кога се случил инцидентот, односно од октомври. Така казната би истекла пред 13 април.

Се вчитува...