ПОТВРДЕНО: Шевченко ќе му биде тренер на Пандев во Џенова

Познато име седнува на клупата на тимот на Џенова. Андреј Шевченко денеска е промовиран како нов предводник на тимот во кој настапува Горан Пандев. Екс капитенот на македонската селекција добива познато име за тренер во Украинецот, кој „жареше“ во Серија „А“ играјќи за Милан, а последен пат ја предводеше украинската селекција на Европското првенство годинава, со која ја совлада и Македонија.

Шевченко доаѓа на местото на Давиде Балардини кој беше сменет поради слабите резултати. Иако чекаше да биде назначен за Милан, сепак, на крајот „росонерите“ се одлучија да го задржат Пиоли, па Шевченко својата тренерска кариера во Италија ја почнува од Џенова.

Се вчитува...