Повеќе навивачи во Букурешт: Романците со одлука за 50% исполнетост на Арената, УЕФА останува на 33%

Владата на Романија на синоќешната своја седница, според информациите од романските медиуми, донесе одлука капацитетот за присуство на навивачи натпреварите на ЕВРО 2020 на националната арена во Букурешт да го зголеми на 50% место досегашната одлука за 33% исполнетост.

Согласно оваа одлука за натпреварите на Македонија против Австрија (13. јуни) и против Украина (17. јуни) се очекува да биде дозволено присуство на околу 27.000 навивачи на Националната арена.

Сепак, УЕФА досега нема донесено одлука за промена на можноста за зголемување на капацитетот, останувајќи на претходната одлука за 33% исполнетост.

Иако, останува фактот дека поголемиот дел македонски фанови кои одлучија да присуствуваат на натпреварите на Европското првенство веќе обезбедија аранжмани.

 

Се вчитува...