Повеќе нема дилеми: Најдобриот дефанзивец во Серија А потврди дека си оди од Торино

Глеисон Бремер, најдобриот дефанзивец во Серија А за минатата сезона се наоѓа на излезни врати на Торино.

Бразилскиот стопер на „Биковите“, јасно и јавно им стави дознаење на сите дека ова лето веројатно ќе ја промени средината и сака да игра во Лигата на шампионите.

„Разговарав со менаџерот и му кажав дека сакам да си одам, сакам да игравм во Лигата на шампионите. Прашање на време е, разгледувам неколку понуди, но мислам дека следната сезона нема да бидам во Торино. Бев проглесен за најдобар дефанзивец тука, би сакал да играм за Бразил, но ако не ме сакаат и Италија ме повика, би прифатил без размислување“, изјави Бремер.

По одличните партии во калчото, Бремер прво го привлече вниманието на водечката тројка Милан, Интер и Јувентус, но за него се интересираат Тотенхем и Челси, а овде се наоѓа и ПСЖ.

Се вчитува...