Повеќе нема никаква надеж: Погба и дефинитивно го напушта Јунајтед

Челниците на Манчестер Јунајтед не планираат да му предложат нова соработка на францускиот фудбалски интернационалец, Пол Погба.

Играчот од средниот ред кој сега се опоравува од повредата, во текот на летото ќе ја заврши соработката со „црвените ѓаволи“ и ќе биде слободен играч.

Претходно, британските медиуми објавија дека екипата од „Олд Трафорд“, планира да му ја зголеми платата на 500 илјади фунти неделно, но, тоа веднаш беше демантирано од двете страни.

Се вчитува...