Повеќе ништо нема да биде исто – Том Брејди објави крај на кариерата!

Најдобриот бек во историјата на американскиот фудбал, и веројатно најдобриот играч, Том Брејди, објави крај на својата професионална кариера.

Том во својата кариера успеа дури седум пати да го освои Супер Боулс, а пет пати беше МВП во финалето, три пати како МВП во сезоната, а два пати беше избран за најдобар офанзивен играч во натпреварувањето. Исто така, тој има најмногу додавања (624), но и најпрецизни и успешни асистенции во историјата на американскиот фудбал.

Брејди поголемиот дел од својата кариера го помина играјќи за Њу Ингланд, но одлучи да заврши активно играјќи за Тампа Беј.

 

 

Се вчитува...