Охрид го одбележа и досега најуспешното издание на „Lake Ohrid SUP Crossing“ со учество на повеќе од 100 натпреварувачи од 14 земји од светот.
Најмасовниот досега настан само ја зацврсти веќе воспоставената традиција за овој спорт во нашава земја.
„Оваа година имавме три категории и тоа: 23 километри – трка за веслачи со тврди даски и даски на дување како и 26 километри Авантура наменета за рекреативни веслачи. На наше огромно задоволство, сите веслачи успешно стигнаа до целта без потешкотии и без откажувања“ – вели Дамјан Петрески од „Paddle Klub“.

Апсолутен победник во професионалната трка од 23 километри кај мажите и оваа година беше Словенецот Лука Кожар (2:31 часа) а кај девојките пак победи 16-годишната веслачката Лена Новак од Полска (2:41 часа).

Во трката со даски на дување најбрзо време кај мажите имаш Горан Смирчич од Хрватска (3:02 часа) а најбрза кај жените беше Тунде Моравцик од Унгариja (3:16 часа).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

