Повеќе од 1000 каратисти од 10 земји на „Олимпик Опен 2026“ (ФОТО)

Министерот за спорт Борко Ристовски го означи стартот на 4. издание на Меѓународниот карате турнир „Олимпик Опен 2026“ кој се одржува во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје изминатиов викенд. Организатор на турнирот е КК Олимпик со поддршка од Министерството за спорт.

КК Олимпик е клуб со повеќе од две децении традиција од чии редови излегле бројни македонски репрезентативци и е препознатлив по континуираната поддршка на развојот на карате спортот во Македонија..

Министерот Ристовски упати честитки до организаторите и ја истакна ваќноста на спортските настани што создаваат позитивна средина за младите спортисти.

„Честитки за организаторите за овој убав и голем спортски настан. Секогаш ми е драго кога сум присутен помеѓу млади спортисти. Уште поважно е што покрај спортот и спортскиот натпревар, на вакви настани се промовираат вистински вредности. Министерството за спорт секогаш ќе ги поддржува ваквите настани и сите оние кои ги промовираат овие вредности“ – рече Ристовски, посакувајќи им успех на сите натпреварувачи.

На „Олимпик Опен 2026“ настапија 1075 натпреварувачи од 71 клуб, претставници на 10 земји, што го прави турнирот еден од најмасовните карате настани во земјата и во регионот.

Се вчитува...