Кошаркарската репрезентација на Србија се врати во својата татковина по освојувањето на сребреното одличје на Евробаскет, а фановите кај нашиот северен сосед им приредија фантастичен пречек. Повеќе од 20.000 навивачи се собраа пред зградата на Собранието на Србија и им скандираа на момците кои им донесоа многу радости во изминатиот период на Европското првенство. Не успеаја во финалето, но тоа не го намалува нивниот успех.
„Благодариме за огромната поддршка која ни ја дадовте, мислам дека тоа им даде уште поголема сила на момците да успеат. Но, најголемо ’благодарам’ на овие момци, тоа се 12 легенди кои ги има Србија, 12 легенди на светската кошарка. Медалите околу нивниот врат зборуваат најмногу, им благодариме за се што сторија. Пред две години ветивме дека ќе се вратиме со медал, и го сторивме тоа. Ветувам дека и за четири години ќе се видиме на оваа тераса“, изјави селекторот Александар Ѓорѓевиќ.
Himna na balkonu! #EuroBasket2017 #kss #reprezentacija pic.twitter.com/G3AhYkqmjV
— Košarkaški savez SRB (@KSSrbije) September 18, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА