После официјалната презентација пред медиумите, дефанзивецот Серхио Рамос беше промовиран и пред навивачите на Севилја како нов играч на клубот.
Повеќе од 22.000 гледачи беа присутни на трибните на стадионот „Рамон Санчез Пизхуан“ за да го проследат „кам-бекот“ на легендата на шпанскиот фудбал.
Уште од пладне редици на луѓе чекаа да влезат на стадионот и да го проследат враќањето на Рамос во тимот.
„Посебен и емотивен ден за мене. Многу години поминаа, но се чувствувам исто како од денот кога дебитирав тука. Се чувствувам сакано и покрај се, и јас ви благодарам. Сакам да им се заблагодарам на сите кои ми овозможија повторно да бидам во овој дрес. Ги славев сите титули на клубот од странство, и ова е еден од најголемите тимови во Европа. Јас сум навивач на Севилја цел живот, и дојдов да се борам за овој дрес“, рече Рамос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

