Повеќе од 35 илјади луѓе во навивачките зони на Европското првенство во Германија ја поминаа обуката за Кардиопулмонална реанимација како дел од кампањата „Тренирај, спаси живот“, соопшти УЕФА.
Обуката за цел има подигање на свеста за изненадувачки срцев застој и е од големо важност за првичка интервенција при ваков немил настан.
Покрај навивачите, обуката ја минаа и сите фудбалери, служени лица на натпреварите, персоналот и волонтерите на Европското првенство во Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА