Нешто повеќе од 50 отсто од жителите на Токио се против одржување на Летните Олимписки Игри следната година и поддржуваат и понатамошно нивно одложување или потполно откажување поради пандемијата од коронавирусот. Анкетата која ја спроведоа две јапонски новински агенции е направена веднаш откако здравствените работници предупредија дека дури и едногодишно одложување може да не биде доволно игрите да бидат „сигурни“.
Анкетата која е направена изминатиот викенд покажува дека 51.7 отсто од испитаниците не сакаат одржување на игрите, а 46.3 отсто сакаат следната година да има ЛОИ во Токио. Меѓу тие кои се против игрите 27.7 отсто смета дека треба целосно да бидат откажани, додека 24 отсто се за уште едно нивно одложување. Анкетата беше спроведена на 1030 испитаници во периодот од 26. до 28. јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА