ЕКИПА во Вадуз, Лихтенштајн
Никола Ѓуровски
Повеќе од 500 Македонци се очекува да ја бодрат македонската фудбалска репрезентација на утрешниот квалификациски натпревар против Лихтештајн на „Рајнпарк“ стадионот во Вадуз.
Како што пренесуваат локалните медиуми во Лихтештајн до денеска околу 400 билети се купени за трибината каде ќе бидат сместени македонските навивачи. Распродаден е веќе првиот блок, а според последните информации останати се во продажба уште 350 билети кои се резервирани за македонските навивачи.
Како што е познато, „швајцарската Фаланга“ е најбројната од македонските иселеници ширум Европа. Па и за утрешниот натпревар со Лихтенштајн најавено е доаѓање на навивачи од Швајцарија, Јужна Германија и Источна Австрија.
Цената на билетите за македонските навивачи изнесува 25 швајцарски франци, а он-лајн купување е овозможено на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА