Њукасл запиша повеќе од значајна победа во битката за освојување место кое води во Лигата на шампионите следната сезона, триумфирајќи со 4-1 против Брајтон.
Домашните поведоа со автоголот на Ундав уште во 22. минута, а Брн во 45. минута зголеми на 2-0.
Ундав успеа да се „извади“ за автоголот во првото полувреме, со гол за својот тим во 51. минута за 2-1. Но, тоа беше се од Брајтон кој не успеа да ги изненади домашните.
А, Њукасл со два гола во последните минути дојде до триумф од 4-1. Најпрво во 90. минута со голот на Вилсон зголемија на 3-1, а Гимараеш во 91. минута ги постави конечните 4-1.
Сега Њукасл, по оваа победа, се зацврсти на третата позиција со 69 бода, три повеќе од Манчестер јунајтед и четири повеќе од Ливерпул кој е на петтото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

