Во иднина тенисерките за време на мечот ќе може да примаат совети од своите тренери на трибините, најави извршниот директор на ВТА, Стив Симон. Промените во женскиот тенис треба да се воведат наскоро и тие според Симон ќе донесат поголем квалитет.
Според сегашните правила, тенисерките смеат да го повикаат тренерот да им даде совет кога има промена на страните, но на тренерите им е забрането да делат совети од трибините во текот на гемовите.
„Искуството со тренерското советување во текот на промените на страните беше позитивно и сега гледаме понатаму. Не знам кој е следниот чекор, но не ми е јасно како може да им дозволиме на тренерите да слегуваат на терен, а не им е дозволено да делат совети од трибините! Повеќе совети од тренерите може да бидат позитивни за нашиот спорт. Навистина би сакал да се случат тие промени во правилата“ – изјави Симон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА