Ентони Џошуа ќе се соочи со Александер Поветкин во боксерски спектакл на „Вембли“ на 22 септември за одбрана на ИБФ, ВБА и ВБО титулите. Британецот кој ги обединува светските титули во тешка категорија мора да има дуел со предизвикувачот Поветкин за ВБА трофејот. Со оваа борба, Џошуа се враќа во рингот по епската победа над Владимир Кличко во пресметката која ја следеа рекордни 90 илјади гледачи.
Саша Поветкин, или “белиот лав“ од Русија, во аматерската кариера освои олимписка титула во супертешка категорија во 2004. Светски шампион беше во 2003, а европска титула освојуваше на две последовни првенства во 2002 и во 2004 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА