Јувентус би можел да го продаде Дејан Кулушевски во јануарскиот преоден рок за 35-40 милиони евра, а на списокот заинтересирани се два англиски и еден германски клуб. Швеѓанецот со македонско потекло во 2020 година за 35 милиони од Аталанта се пресели во Јувентус. Играше стандарно кај тренерот Андреа Пирло, но послабо игра кај Масимилијано Алегри, и затоа може да се случи заминување.
Тотенхем и Арсенал се оние кои будно ја следат ситуацијата околу Кулушевски, и наскоро ќе испратат понуда до Јувентус. Од друга страна, пак, и Баерн Минхен е заинтересиран за играчот на Шведска, кој играше и за младинските категории на Македонија.
Сезонава Кулушевски играше на 22 меча за Јувентус во сите натпреварувања или собра 724 минути фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА