Повик за ново Собрание: 17 клубови од ОФС Тетово со поддршка за ФФМ

Престојното собрание на ФФМ ќе мине без делегати од ОФС Тетово поради, како што соопштија претходно од ФФМ, одржаното нерегуларно Собрание на овој општински сојуз. Сето тоа иницираше акција на дел од клубовите членки на ОФС Тетово, меѓу кои и Шкендија, Тетекс, Љуботен…, кои преку соопштение до нашата редакција, поддржувајќи ја одлуката на ФФМ, информираат дека е покрената иницијатива за организирање регуларно Собрание на ОФС Тетово кон средината на март.

Вкупно 17 клубови, од 21 колку што се членки на ОФС Тетово, како што велат, не го прифаќаат претходно одржаното Собрание на сојузот на кое како кандидат за претседател на ФФМ беше промовиран Мирсад Јонуз. Токму поради тоа, согласно актите на ФФМ, најавуваат одржување ново.

Соопштението од Иницијативниот одбор за организирање Редовоно годишно-изборно собрание на ОФС Тетово испратено до нашата редакција ви го пренесуваме во целост:

Иницијативниот Одбор за организирање на Редовното годишно-изборно собрание на ОФС Тетово со ова

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Ја информираме јавноста и релевантните институции дека се исполтени условите за одржување на РЕДОВНОТО ГОДИШНО-ИЗБОРНО СОБРАНИЕ на Општинскиот Фудбалски Сојуз на Тетово.

Имајќи ја во предвид настанатата ситуација во ОФС Тетово и многуте нерегуларности во одржаното Собрание на 25.01.2017, нерегуларности констатирани и од Управниот Одбор на ФФМ, а меѓудругото и со јавно барање на ФК Шкендија сме превземале иницијатива за организирање а Редовно годишно-изборно Собрание на ОФС Тетово. Сакајќи целата организација да биде легитимно во согласност со правилата и статусите на ова ОФС и на ФФМ, сме ги превземале сите статуарни и регулативни мерки. Она што е најбитно е дека ова иницијатива до сега е подржана од 17 клубови, од сите 21 регистрирани активни клубови членки на ОФС Тетово, во проценти 84 %, доволно според статусот за одржување на Редовно годишно Собрание. Заедно со оваа известување ги имате и печатите и потписите на претставниците на клубовите кои ја подржуваат иницијативата за одржување на легитимно Собрание, кое ќе се одржи кон средината на месец март (2017 година), кога се надеавме да прекинат проблемите на ова ОФС и на легитимен начин да биде избран новиот претседател.

За целата иницијатива и наштие чекори се известени и компетентните тела на ФФМ.

Со почит, Иницијативниот Одбор за организиање на Редовно Собрание на ОФС Тетово:ofs tetovoofs tetovo 2

Се вчитува...