Повлечено е интервјуто во кое Роналдо вели дека е најдобар на сите времиња

Португалското издание на Си-ен-ен  го избриша интервјуто со Кристијано Роналдо во кое фудбалерот вели дека е најдобар на сите времиња.

Причина за тоа е што интервјуто е од минатата година, пишува католонскиот весник „Мундо Депортиво“.

Изјавите на Роналдо како „Јас сум најдобриот играч на сите времиња, точка“ и „Луѓето не го ценат нивото на кое играм ниту головите што ги постигнувам“, одекнаа низ целиот свет по ненадејното заминување на 41-годишниот фудбалер од португалската репрезентација за време на неодамнешниот меѓународен термин за натпревари во Лигата на нации.

Интервјуто со Роналдо во кое тој зборува дека е најдобар на сите времиња, всушност било направено во 2025 година од неговиот пријател Еду Агире за шпанската телевизиска мрежа „Ла Секста“.

Се вчитува...