Поволна ждрепка: Ако го елиминира Карабах, Шкендија ќе добие бугарски или унгарски противник

Додека погледите на фудбалерите и стручниот штаб на Шкендија се насочени кон двомечот со Карабах во третото квалификациско коло за место во Лигата на Шампионите, македонскиот клуб на денешната ждрепка го доби и можниот противник во следната фаза.

Доколку тетовци имаат позитивен исход од двомечот со азербејџанскиот тим ќе се сретнат со подобриот од од дуелите на бугарски Лудогорец и унгарски Ференцварош.

Според ждрепката првиот натпревар во евентуалниот бараж Шкендија би го играла на гостински терен на 19 или 20 август, додека реваншот во Скопје би бил на 26 или 27.

Се вчитува...