Повреда на Турам во најлош момент за Интер

Симоне Инзаги се соочува со сериозен проблем откако Маркус Турам поради повреда отпадна од комбинација за неделниот дуел со Болоња. Гостувањето на Ренато Дал’Ара барем на хартија треба да биде едно од најтешките за Интер до крајот на Калчо-лигата, а Инзаги ќе има сериозен проблем да го замени Турам, кој заедно со Лаутаро Мартинез  е клучен играч во нападот на „нероаѕурите“ сезонава.

Французинот се повреди на реваншот од Лигата на Шампионите против Баерн Минхен, а деталните прегледи покажаа проблем со мускулот на ногата. Според првичните информации, повредата не е премногу сериозна, но прашање е дали Турам ќе може да се опорави навреме за да настапи на реваншот од полуфиналето на Копа Италија против Милан закажан за среда.

Во таборот на Интер се оптимисти дека тој сепак ќе успее целосно да се рехабилитира за двомечот од полуфиналето на Лигата на Шампионите против Барселона, што ќе стартува на крајот од овој месец.

Маркус Турам сезонава настапи на 44 средби за „нероаѕурите“ во сите натпреварувања, притоа постигнувајќи 17 гола и 9 асистенции.

Се вчитува...