Повредата е минато – Алиоски се врати на тренинзите на Фенербахче

Езгијан Алиоски ги надмина проблемите со повредата и од денеска се врати на тренинзите на Фенербахче, откако македонскиот репрезентативец не можеше да настапи на дербито со Бешикташ што неговиот тим го загуби.

Алиоски денеска тренираше со остатокот од тимот и сигурно ќе му се стави на располагање на тренерот Жезус за претстојниот меч со Хатајспор во вторник, но најверојатно овој натпревар ќе го стартува од клупата за резерви.

Фенербахче по двата врзани порази го загуби лидерското место и сега заостанува еден бод зад големиот ривал Галатасарај, мотив повеќе за Алиоски и за соиграчите за што поскоро да се вратат на врвот на табелата.

Се вчитува...