Ненад Димитријевиќ ги надмина проблемите со повредата поради која не настапи викендов за Олимпија Милано во италијанското првенство, па македонскиот плејмејкер ќе биде во комбинација за настап на утрешниот дуел против Реал Мадрид.
Димитријевиќ имаше одличен меч со девет асистенции во последното евролигашко коло и победата над Виртус Болоња, но потоа поради повреда на раката не настапи против Тренто, меч на кој неговиот тим претрпе преубедлив пораз.
Интересно ќе биде да се види колкава минутажа ќе добие најдобриот македонски кошаркар против Реал, ако се знае дека на овој меч се очекува да дебитира и најновото засилување на Олимпија Милано, италијанскиот репрезентативен плејмејкер Нико Манјон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА