Александар Трајковски е подготвен за камбек на фудбалските терени откако македонскиот напаѓач ги одработи последните тренинзи во Хајдук и му се стави на располагање на тренерот Џенаро Гатузо за следното коло во кое сплитските „били“ ги очекува дерби дуел со Ријека.
Трајковски ја почна сезоната како стартер кај Гатузо, неколку средби одигра и повреден, но состојбата му се влоши, па тој мораше да ги пропушти и септемвриските средби од Лигата на Нации против Фарските Острови и Ерменија.
Трајковски ги надмина проблемите и заедно со Бамба Санјанг се приклучи на тимските тренинзи, добивајќи зелено светло за викендов да се врати во тимот на Хајдук. Се очекува Македонецот да почне на клупата за резерви против Ријека, но потоа да добие шанса во второто полувреме од овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА