Далас се соочува со сериозни проблеми во пресрет на новата сезона, откако дел од првотимци заработија повреди на самиот старт од подговотвките.
Најлошо од сите се чини мина Данте Егзум, одличниот австралиски кошаркар кој го повреди зглобот на десната рака. Во таборот на маверикс се надеваа на пауза од максимум 20 дена, но деталните прегледи покажаа дека повредата е далеку посериозна од првичните прогнози.
Имено, Егзум има скршеница поради која ќе мора целосно да мирува во наредните два месеца, а неговиот камбек на теренот може да се очекува најрано во втората половина на месец јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА