Македонскиот кошаркарски интернационалец, Ненад Димитријевиќ ќе мора да пауза шест недели, откако го скина мускулот на тетивата на десната нога во третата четвртина од мечот против црногорскиот Будуќност (71-70) во 2. коло од Еврокупот.
Дополнителните прегледи во клубот ги потврдија сомнежите дека се работи за сериозна повреда, а одличниот плејмејкер ќе го очекува пауза од шест недели до враќање на терените.
Оваа информација претставува проблем и за селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Драган Бајиќ кој нема да може да смета на услугите на Димитријевиќ за ноемврискиот квалификациски прозорец за Мундобаскетот и натпреварите против Шпанија на домашен терен на 26. ноември и Украина на гостински во Киев три дена подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА