Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, сепак, ќе мора на подолга пауза отколку што беа првите претпоставки. На дуелот со Арсенал, Хендерсон се здоби со повреда на задната ложа, а денеска од клубот потврдија дека капитенот ќе ги пропушти сите натпревари во јануари.
Ливерпул не ќе може да смета на помошта од капитенот на дуелите со Лестер, Барнли, Манчестер сити, Свонси и со Хедерсфилд. Враќањето наХендерсон се очекува на дербито со Тотенхем на 4 февруари.
Покрај капитенот, вон строј е и Морено кој ќе пропушти најмалку уште три натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА