Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми вчера беше заменет во 29. минута бидејќи се пожали на повреда по дуелот со Каи Хаверц. По дополнителните прегледи за среќа не се работи за посериозна повреда.
Има удар само кај зглобот, но не се работи за сериозна повреда и веднаш ќе може да се врати на тренинзите на Динамо Загреб. Ова е одлична вест и за селекторот Благоја Милевски на кого и повеќе од потребни ќе му бидат услугите на искусниот дефанзивец за ноемвриските дуели против Ерменија на гостински терен и Исланд на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

