Далас загуби на домашен терен од Минесота, но многу поголем проблем за тренерот Кид од поразот претставува повредата на Лука Дончиќ.
Големиот ас настрада при еден напад додека ја имаше топката во свој посед, но без контакт со противнички кошаркар. Дончиќ веднаш се упати кон соблекувалната, а фактот дека се мачеше одејќи додека ја напушташе арената внесе дополнителна загриженост во таборот на Далас.
Првите информации говорат дека повредата на мускулот е прилично сериозна и паузата на Дончиќ нема да биде кратка. Деталните прегледи закажани за денеска ќе дадат поконкретни одговори кога Лука би можеле побрзо да го видиме на терените, но во Далас би биле пресреќни ако тоа биде случај во текот на месец јануари 2025.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА