На вчерашното дерби во Кичево помеѓу Шкупи и Шкендија, капитенот на тетовскиот тим заработи повреда на главата, по која беше пренесен во болницата во Кичево.
Шкендија денеска се огласи со соопштение во кое информира дека повредата не е сериозна, и дека Хасани ќе мора да паузира 3-4 дена, но дека во следните денови ќе му бидат направени и дополнителни прегледи.
„Хасани ќе мора да мирува во следните 3-4 дена. Доби силен удар во главата на крајот од мечот со Шкупи, и кога го напушти теренот тој повраќаше, што алудираше дека повредата е сериозна. Веднаш бил префрлен во болницата во Кичево, каде му била укажана соодветна нега и извршени сите прегледи на главата. Проверките покажале дека се е во ред и ја напуштил болницата и се упати кон Тетово. Синоќа неговата состојба беше стабилна, и денеска ќе има повеќе тестови. Лекарскиот тим будно ја следи неговата состојба“, се вели во соопштението од Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА