Повредата на Томислав Јагуриновски не е од посериозен карактер, барем според првичните проценки на лекарскиот тим на македонската ракометна репрезентација.
Јагуриновски заработи повреда над десниот скочен зглоб во текот на првото полувреме од дуелот против Норвешка, но како што вели селекторот Кире Лазаров според првичните информации не се работи за повреда која ќе го „отстрани“ од шампионатот.
„Според информациите од лекарскиот тим не се работи за посериозна повреда, но ќе мора да се почекаат деталните прегледи. Веруваме дека ќе биде подготвен за следните натпревари“ – истакна Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА