Дефанзивецот на Барселона, Пау Кубарси, предизвика загриженост кај стручниот штаб на Каталонците за време на нивната победа од 2-1 над Њукасл во Лигата на шампионите во среда вечерта. Среде еуфоријата по вториот гол на Маркус Рашфорд, телевизиските камери не забележаа еден детаљ што не требаше да се занемари. По прославата за голот на Англичанецот, Кубарси итно побара замена поради болка во левото колено, на која се пожали во првото полувреме.
Дефанзивецот не можеше ниту да остане на теренот и го остави тимот со 10 играчи на неколку моменти, сè додека Андреас Кристенсен не влезе на негово место. Во 69-тата минута, Данецот се појави на теренот заедно со Феран Торес, кој го замени Левандовски.
Во наредните часови се очекува Кубарси да помине низ обемни медицински прегледи за да се утврди колку е сериозен проблемот, но можно е централниот дефанзивец да не биде достапен за натпреварот против Гетафе следниот викенд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

