Повредата на Левандовски не е сериозна

Навивачите на Баерн Минхен можат да здивнат откако синоќа беше обелоденето дека повредата што Роберт Левандовски ја заработи на дуелот со Лајпциг не е од посериозна природа. Полскиот ас го постигна голот за водство од 2-0 во 38. минута на „Алијанц арена“, но потоа уште во првото полувреме побара да биде заменет.

Во ситуација кога и Томас Милер е повреден тоа значи сериозен проблем за баварците, но според лекарскиот тим на Баерн не станува збор за ништо сериозно.

Роберт Левандовски се пожали на мала болка во мускулот. Во ситуација кога пред тимот е клучниот меч од ЛШ во Глазгов против Селтик, стручниот штаб реши дека е најдобро да не се ризикува и веднаш го повлече Левандовски од игра. Станува збор за мало истегнување на мускулот, повредата не е сериозна“ – објави баварскиот гигант на својата официјална веб-страница.

Останува да се види дали лекарите ќе го оспособат најдобриот стрелец на Баерн за настап против Селтик, меч на кој победа ќе значи и речиси сигурен пласман на баварскиот тим во следната фаза од ЛШ.

 

Се вчитува...