Фантастичната победа над Тунис си има своја цена, па така Македонија уште во раната фаза од мечот остана без помошта на Велко Маркоски. Одличниот дефанзивец стартуваше како најистурен во формацијата 5-1, а играше и како втор пивот во нападот од стартот на мечот, но се пожали на повреда уште во првото полувреме и потоа не се врати на теренот до крајот на средбата.
„Вистинска штета е што останавме без Маркоски, сите многу добро знаете од колкаво значење е овој играч за нашата одбрана. Станува збор за проблем со грбот, мислам дека го мачеше и претходно, но тој молчеше и веруваше дека може да игра со болка. Лекарите треба да видат за што поточно станува збор, се надевам на добри вести и дека наскоро повторно ќе го имаме на располагање. Самиот факт дека победивме без еден така важен играч како Маркоски уште повеќе ја зголемува нашата победа“ – изјави Червар на денешната прес-конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА