Повредата на Миовски не е сериозна, ќе игра во ЛШ, а потоа и за Македонија

Бојан Миовски експресно се рехабилитираше од повредата здобиена викендов, па македонскиот голгетер нема воопшто да отсуствува од терените и веќе утре ќе биде во комбинација за настап против ПСВ Ајндховен во четвртото коло од Лигата на Шампионите.

Тој поради повреда мораше предвреме да го напушти теренот на мечот со Леганес, што беше потврдено и од тренерот Мичел веднаш по тој натпревар. Постоеја стравувања дека повредата е посериозна и ќе следи пауза од три седмици, што ќе значеше дека Миовски ќе ги пропушти ноемвриските дуели од Лигата на Нации против Летонија против Фарските Острови.

За среќа, деталните прегледи покажале дека не станува збор за ништо сериозно, па Миовски денеска тренираше со остатокот од тимот, по што доби зелено светло за да отпатува со остатокот од тимот за Ајндховен.

Се вчитува...