Македонскиот репрезентативец Ердал Ракип заработи повреда минатото коло во дуелот со АИК Стокхолм во првенството на Шведска. Тој доби незгоден удар од страна на противнички играч, по што во солзи и во неверување го напушти теренот во 41. минута.
Сепак, според шведските медиуми последните лекарски прегледи покажале дека не е ништо сериозно, и дека Ракип во најдобар случај ќе биде уште вечерва во комбинација за настап, каде неговиот Малме гостува кај Варнамо во натпревар од првенството на Шведска.
Малме во првите три кола има две победи и едно реми, со 5:1 гол разлика. Ракип има договор со Малме до крајот на годинава, но од тимот има најави дека истиот ќе биде продолжен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

