Повредата на репрезентативецот не е наивна: Зајков ќе мора на операција

Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков, ќе мора да прави операција после повредата на натпреварот со Малта, кога го напушти теренот во вториот дел и беше изнесен на носилки. Зајков ноќта ја мина во болница на дополнителни прегледи, а по враќањето во Скопје беше подложен на уште прегледи, по кои стана јасно дека ќе мора да прави оперативен зафат.

Во целата ситуација е добро што Зајков нема сркешници, туку само набиени пршлени на вратот, кои создаваат проблеми со нервите во тој дел.

Не е познато колку ќе паузира Зајков, но речиси сигурно нема да биде на располагање за националниот тим за дуелот со Украина и пријателскиот меч со Ерменија во октомври, а крајно неизвесен е за последните два меча во квалификациите против Италија и Англија во ноември.

Се вчитува...